ДОКУМЕНТАРЕЦ: КАДЕ Е ВИНАТА ЗА ВИСОКИОТ СТЕПЕН НА КОРУПЦИЈА ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА?

By admin, September 1, 2020

domino, game, corruption

„Корупцијата убива“ е насловот на последниот документарен филм на Здружението за афирмација на мултимедијална уметност ИН-ВИ ИДЕА со седиште во Гостивар. Документарецот ги детектира проблемите предизвикани од корупција во општеството, институциите, државата и во секојдневниот живот на граѓаните и се осврнува на недостатокот на политичка волја, но и на граѓанските иницијативи за борба против оваа негативна појава.

Документарецот е реализиран во рамките проектот „Заедно против корупцијата“, имплементиран од страна на Центар за истражувачко новинарство СКУП-Македонија, Центар за развој на медиуми МЕДИУМ и Институт за човекови права, а е финансиран од Европската Унија (ЕУ).

Според претседарелот на здружението, Бурим Биљаљи, целта е постигнување на понапредна свест и перцепција на граѓаните за присуството на корупција и потребата од осуда на коруптивните случаи и практики.

Друга цел на проектот, според Биљаљи, е преку циклус на обуки да ги научи новинарите како да се известува за корупцијата, а истовремено да се тренираат и за најдобро користење на новинарството како алатка за борба против корупцијата.

„Во овој поглед, за време на еднодневна работилница на новинари од Полошкиот пегион им ги обезбедиме потребните техники и алатки како да истражат корупција или лошо работење во институциите “, вели Биљаљи.

Во документарецот со свои видувања, анализи и ставови се појавуваат видни експерти, преставници на невладини организации и истражувачки новинари.

Универзитетскиот професор и аналитичар, Сефер Тахири, вели дека граѓаните никогаш не треба да бидат жртви на корупција.

„Ако некој вработен во администрацијата, полициски службеник, учител, политичар или доктор, ако имаат законска обврска да ја извршат нивната работа но ве гледаат од вашиот џеб, не паѓајте пред корупција, затоа што тие си должни да работат за граѓаните, за јавниот интерес “, вели Тахири.

Искусната истражувачка новинарка, Катерина Топалова, вели дека сите оние кои учествуваат во корупцијата имаат заедничка корист и во исто време заеднички интерес да молчат.

„Улогата на новинарот е да биде коректор на општеството. Ако не зборувате за корупција, тогаш сте учесник “, вели Топалова.

Таа исто така истакнува дека секоја корумпирана влада стравува од слободните медиуми. „Ниту едно општество не може да биде демократско ако е корумпирано“.

What do you think?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *